ФОТО: Наум Петрески во сериозен конфликт со здружението „Анима мунди“, еве зошто!


Фолк пејачот Наум Петрески е во виртуелен конфликт со здружението за заштита на животни „Анима Мунди“.

Имено, откако тој објави фотографија на личниот профил на Фејсбук на која убиен волк е сликан врз возило, а како коментар за истата напиша „ Кој се плаши од волкот лош“, овој негов чин остро го осудија членовите на здружението за заштита на животни, пишува ХитПортал.naum-petreski500

Тие објавуваат дека неговиот потег се коси со човечноста. „Споделете го сите, да се види, да се знае! Јавни личности не смеат да бидат толерирани ако уживаат во смрт, сакатење и убивање на животните!
Бојкот за Наум Петрески додека не сфати дека пушка не е микрофон!!!“, пишува на официјалната страница на Анима Мунди.

Меѓутоа приказната не заврши тука.

Инаку, за појаснување, ловот му е хоби на пејачот за кој вели дека е спорт само за елитата и дека е почитувач на сите правила поврзани со законското ловење на диви животни.2nom.jpg500

Витруелната расправија и несогласувања продолжила и по приватни пораки меѓу Наум и членовите од здружението, а дел од  пораките се најде и на профилот на Фејсбук на една од членките на здружението.

Во истата Наум пишува дека не сака јавно да се препукува, па ги замолува да не замараат зашто животот бил краток за јадење бурек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1