Откако една 19-годишна студентка од Индија се жалела на болки во желудникот и со денови не можела да јаде и да пие, докторите решиле да видат за што се работи. Докторите останале вчудовидени кога во желудникот на девојката нашле заплеткана коса и остатоци од креда, коишто тежеле речиси два килограми!
Таа признала дека одамна имала навика да јаде влакна и креда, па комбинацијата од тие две работи не успеала да помине низ цревата и се формирало огромното купче влакна.
По успешната операција, влакната биле отстранети од желудникот, но девојката имала и преплет на цревата затоа што неколку дена не јадела и не пиела вода.
Неверојатно, но ова не е најголемата топка од влакна отстранета од нечиј желудник. Во 2007 година докторите во САД извадиле купче од влакна коешто тежело цели 4,5 килограми од желудникот на една постара жена.