ФОТО: Немаат мобилни и компјутери, а се посреќни од сите нас заедно


Поминале илјадници години откако луѓето живееле во племенски заедници, во хармонија со природата, при тоа не уништувајќи ја, туку само употребувајќи ја за опстанок.mongolia5

Денес, живеејќи во „глобално село“, никој од нас не може да си го замисли денот без интернет, и-мејл, јутуб, твитер, фејсбук…. Тоа е местото каде се социјализираме и каде живееме. Како никогаш порано, денеска сите ни се блиску, оддалечени на само еден клик…а при тоа како никогаш порано, денеска сме толку многу отуѓени од себе си, од луѓето, природата, животните.

Но, не и овие луѓе. Не и луѓето од монголското племе Дукха. Тие ги немаат „неопходните“ апарати кои нам секојдневно ни го олеснуваат животот, комуникацијата, работата…. но луѓето од племето Дукха се многу посреќни од мене, тебе и од сите нас заедно!mongolia7

Зошто се среќни?

Тие веруваат само во живот во хармонија со природата која ги опкружува.

Имаат неверојатна култура, која се пренесува од генерација на генерација, која ги учи првенствено да ја почитуваат природата, а само така можат да се почитуваат себе и другите луѓе.

Луѓето од племето Дукха имаат развиено неверојатен однос со ирвасите, па нив ги користат како средство за движење низ непроодните патишта во Монголија.mongolia6

Денеска има само околу 44 Дукха семејства, односно околу 200-400 луѓе.

Но, тие не ги припитомуваат само ирвасите, туку и волците и златните орли.

Тие веруваат дека се духовно поврзани со животните и со природата.mongolia11

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1