ФОТО: Несреќа во Тетово – Југо пропадна во дупка


Во необезбедена дупка, градена за непозната намена во централното градско подрачје на Тетово, денес нешто по 13 часот пропаднало патничко возило „југо-65“ со тетовска регистрација, пишува Утрински весник.

jugo-dupka-Во возилото се наоѓале Ќаил Таири (56) и неговата 40 годишна сопруга од тетовското село Желино. Паѓајќи во дупката, возилото се превртело на покривот, а во него останале заглавени и двајцата. Интервенирала тетовската противпожарна единица која ги извлекла и двајцата и итно ги пренеле во тетовската болница.

Според информации од болницата, двајцата се надвор од животна опасност. Ќаил поминал со полесни повреди и по лекарската интервенција пуштен е на домашно лекување, додека неговата сопруга е задржана на натамошно болничко лекување, пренесува Утрински.

Според првичните сознанија, возачот Ќаил Таири бил со намера да се паркира, невнимавајќи дека возилото со кое управува било насочено кон необезбедената дупка. Тетовската полиција извршила увид на лице место.

ФОТО: Утрински

fotka

jugo-dupka

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1