Украинската опозициска активистка и новинарка Татјана Черновил, која се занимава со истражување на корупцијата меѓу високите државни функционери, денеска била претепана и оставена во канал, соопшти полицијата.
Непознати напаѓачи рано изутринава во близина на Киев го застанел возилото на Черновил (34), го скршиле задното стакло и ја извлекле од автомобилот, а потоа ја претепале и оставиле во канал крај патот, се наведува во соопштението на полицијата.
Нападот е извршен неколку часа откако Черновил објави напис со имотот на највисоките владини претставници.