Шон Бродерстон (20) и Бредли Прајс (21) од Плимут, Девон, во Амстердам требало да го прослават 21-от роденден на Бродерстон, биле пронајдени мртви во хотелската соба, со траги од бел прав покрај нив.
Тие не се единствените жртви на заблудата дека употребуваат кокаин, а наместо тоа им бил продаден бел хероин. Во последните неколку недели, еден Британец почина а 14 имале сериозни проблеми поради истата причина, пишува Дејли мејл.
Тоа не беше кокаин туку бел хероин – испитувањата покажаа дека опијатот го има истиот состав како во претходните случаи кога еден почина а 14 труисти се разболеа по употребата на овој бел прав, изјавил полицискиот портпарол Роб Ван Дер Вен.
Полицијата во Амстердам има проширено предупредувања, наменети токму за британските туристи кои слободната употреба на дрога ја гледаат како голема атракција на градот.
Предупредувањата биле напишани на англиски јазик: Исклучително опасен кокаин им се продава на туристите!
Но предупредувањата биле повлечени викендов што значи дека двајцата млади Британци кои биле пронајдени мртви во вторникот, веројатно воопшто немале можност да ги видат. Веднаш по нивната трагична смрт полицијата ја обновила кампањата, поставувајќи предупредувања по хотелите и хостелите како постери, и делејќи летоци.
На летоците кои се делат на железничката станица во Амстердам, пишува дека поголем број туристи завршиле во болница откако на улица купиле кокаин кој не е кокаин туку бел хероин. Во летокот сепак се потсетува дека во Амстердам „нема да бидете уапсени ако користите дрога“.
Извештај на ОН нотира дека Амстердам и во Антверпен се двата града во Европа во кои се користи најмногу кокаин – анализите покажале дека 1 000 луѓе користат 1,5 грам од оваа дрога дневно.