Аркан е жив, Цеца го издржува – видовита босанка видела во лажици


Најодговорно тврдам дека Жељко Ражњатовиќ Аркан е се уште е жив! Во сон видов дека е жив и дека наскоро ќе се обелоденат докази за тоа дека Аркан не умрел. Неговата жена го издржува и тоа го видов во сон. Видов дека ќе биде повикан од еден човек, а поради тоа што сакав да дознам кој е тој човек гледав на лажици. Седум лажици ми покажаа дека Аркан ќе има големи проблеми со тој човек“, изјавила пророчицата Азира Муратовиќ, која гледа во лажици за босанските медиуми

Босанската пророчица Азира Муратовиќ е позната како жена со лажици. Нејзината моќ да „гледа во  лажици“  некои ја исмејуваат, а на другите пак им предизвикува морници. Arkan-Svetlana-Ceca-Raznatovic-vracara

 

Пророчицата вели и дека Цеца само глуми „тажна вдовица“, а всушност таа го издржува цело ова време, наведуваат босанските медиуми.

Освен предвидувањето за Аркан, Азира гледајќи во лажици изнела и низа наводни предвидувања за голем број на познати личности, кои ги објавија босанските медиуми.

Во нејзините предвидувања се најде место и за Ханка Палдум за која гледајќи во своите лажици кажала дека има голем душман кој и фрлил црна магија, а ова и го покажала шестата лажица. За познатата Шемса Суљаковиќ, Азира вели дека во трета и четврта лажица и видела свадба, но веќе во шестата развод, па и порача да ја избегне оваа мажачка.

Од други естрадни личности Азира Муратовиќќ го изнела и предвидувањето за Неда Украден за која кажала дека и претстои мажење и идеален брак, што го покажала првата лажица, но четвртата лажица покажала дека ќе има и здравствени пробели и ќе мора да побара помош од докторите.

Во продолжение на своите предвидувања за Северина Вучковиќ изјавила дека  видела дека таа ќе се смири со Милан Поповиќ, додека првата и покажала дека ќе роди уште едно дете.

За Шабан Шаулиќ кој деновиве е во центарот на внимание на јавноста изјавила дека има здравствени проблеми, а што се однесува до работата таа вели дека во лажици видела дека тој седнал на трнот и ја ставил круната на крал на главата и не верува дека некој ќе може да му ја симне од главата. Интересно е дека Азира во своите предвидувања во лажици не ја видела Ивона Неговановиќ попозната како Цуца и целата медиумска прашина која се крена околу неа и Шабан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1