ФОТО: Ова дете не јадело цели 12 месеци


Лендон Џонс има 12 години и на 14 октомври 2013 година се разбудил без никаква желба за јадење или пиење, состојба која ги збуни докторите.

Пред само една година, тој бил енергетично момче и полно со живот и желба за играње и физичка активност.nofoodboy

Но од пред една година постојано е во болници, каде докторите се обидуваат да сфатат зошто едноставно апетитот му исчезнал и нема никаква желба за јадење или пиење.

Експертите веруваат дека случајот на Лендон е единствен во светот.

Неговите родители Мајкл и Деби се очајни и панично бараат помош за нивниот син.

Минатата година тој тежел 47 килограми, но денеска, после 12 месеци гладување, тежи само 30 килограми, а тоа е опасно по неговото здравје.

Доколку не најдат помош и решение за неговите проблеми, ќе мора да му постават цевка за хранење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1