ФОТО: Ова е 25 год момче кое почина на снимањето на „Преживеан“


Младо момче од Франција почина вчера во текот на снимањето на француското реално шоу „Преживеан“. Имено, 25 годишниот Џералд Бабин доживеа срцев удар во текот на првиот ден од снимањето на шоуто во Камбоџа.

gerald-babin

ТФ1 и продуцентот „Адвентур” соопштија дека 25-годишниот Жералд Бабин починал од срцев удар при првиот ден од снимањето на „Кох-Ланта” во Камбоџа. Во соопштениете исто така се наведува дека телевизијата донела одлука да прекине со снимањето и да ја врати екипата во Париз.

Засега не се познати околностите под кои починал Бабин.

Ова не е прв смртен случај на ваквиот вид реални шоуа. Во 1997 во шведската варијанта на „Преживеан”, „Експедиција Робинсон” се случија две трагедии, во 2009 година од срцев удар почина учесник на бугарската верзија на „Срвајвор” при снимањето во Филипините, а во пакистанското издание од истата година еден од учесниците се удави пред очите на камерите.

Kurir
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1