ФОТО: Ова е лицето на сексуална робинка на ИСИС- Ја унаказиле и ја продале


Пред неколку дена се појави информацијата дека Исламска Држава има дури 3.000 сексуални робинки кои се на продажба и дека нивните цени изнесуваат по неколку илјади долари. Таква судбина доживеала и Ламија Али Башар (18) од племето Јазиди, која успеала да се извлече од канџите на џихадистите.seks-robinka-na-isis

Нејзината вредност била проценета на 12.000 долари, а кога била грабната имала само 12 години и вели дека никогаш не ни можела да претпостави дека наскоро ќе биде продадена. Таа по долго малтретирање и бројните силувања кои и ги приредиле борците на ИСИС, пред околу 6 месеци била продадена за 11 илјади долари, по што во акциите против радикалните екстремисти, имала среќа да биде ослободена.

Јазидиските активисти, чии жени и деца има меѓу заробениците на ИСИС, на репортерите на Асошиетјтед прес им покажале еден од постовите на арапски јазик во кој на продажба се нуди 12 годишно девојче по цена од 10 000 долари.s-robinka-520x346

Инаку, се појавија и изненадувачки податоци кои велат дека екстремистите дури имаат и мобилна апликација преку која тргнуваат со разна роба, но и со робинките.

Една од овие секс робинки кои успеале да се спасат, чиј идентитет не се открива, неодамна била гостинка во Американскиот конгрес и Европскиот парламент за лично да ја повика меѓународната заедница да им помогне на Јазидите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1