ФОТО: Ова е Македонецот убиен во Србија


Македонецот Слободан Стојановски синоќа е избоден до смрт во населба во близина на српски Нови Сад, пишуваат српските медиуми.

Според неофицијалните информации, неговото безживотно тело, до смрт избодено со нож, било откриено во куќата. Стојановски инаку бил пекар, кој со децении имал пекарница во Бегеч.slobodan_thumb_medium500_338

Според првичните сознанија на полицијата, убиството не било на национална основа и не е мотивирано од инцидентот по натпреварот помеѓу Србија и Албанија.

-Соседите на настраданиот пекар велат дека ништо не слушнале во текот на претходната ноќ, како и дека Стојановски, кој по смртта на неговата мајка живеел сам во куќата, не бил конфликтна личност, како и дека не паметат дека тој се степал со некого некогаш, пишува српски „Курир“.Screenshot_30

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1