Поранешниот фудбалер на Металург, Беласица и Хоризонт од Турново, а сега играч на гевгелиски Кожув, Мартин Шишков (27) е приведен од страна на полицијата во акција за спречување на шверц на мигранти од Сирија.
Тој заедно со уште еден гевгеличанец заработи кривична пријава и осумдневен притвор за кривично дело криумчарење на мигранти. Тие од страна на МВР се осомничени дека на 14 овој месец организирале преноќиште и превоз на четворица сириски државјани.
Притоа ги сместиле во куќа во Гевгелија, а во акцијата на полицијата мигрантите биле пронајдени. Покрај тоа, полицијата ги товари дека биле дел од криминална група, која се занимава со шверц на мигранти во нашата земја.
Во наредните денови, кога му истекува мерката притвор, ќе се знае дали фудбалерот ќе биде пуштен да се брани од слобода или тој ќе му биде продолжен.