ФОТО: Ова е местото на несреќата, четворица италијански и двајца косовски државјани биле во авионот


Во приватниот авион кој полетал од Тревизо, Италија со германски ознаки се наоѓале 6 лица, патници и членови на екипажот.Piper-2-670x454

Според последните информации, во несреќата загинале четири италијански и двајца косовски државјани.

Полицијата вечерва кај селото Блаце, јужно од Скопскиот аеродром го блокира пристапот кон селата Кожле и Ветерско, каде што е паднат авионот Пајпер со германски регистарски ознаки сопственост на авиоклуб од Тревизо, Италија.avion-1

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков изјави дека остатоци од авионот се најдени на 2 километри од селото Кожле и дека полиција веќе го обезбедува местото на несреќата.

Авионот бил пријавен на аеродромот само за дополнување на гориво, меѓутоа како што информираа од полицијата околу 17 часот и 40 минути неговиот сигнал бил изгубен од радарот на 10 километри од пистата, во близина на Катланово.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1