ФОТО: Ова е монструмот кој го уби навивачот на Црвена Звезда


Турскиот дневен весник „Хуриет“ објави фотографија од навивач на Галатасарај за кој се смета дека е убиец на навивачот на Црвена Звезда Марко Ивковиќ.

Во акцијата за пронаоѓање на убиецот на Ивковиќ е користена најмодерна технологија за идентификација, со која биле отстранети сите пречки, но и надворешни фактори за препознавање на лицето на хулиганот.navivac-ubica-500

Претходно пет лица биле приведени во полициска станица на распит, кои биле во близина на местото на злосторот, а сите изјавиле дека не знаат кој го убил 25-годишниот навивач на Црвена Звезда.
Сепак, сите пет лица наредниот ден го смениле својот исказ и признале дека го знаат убиецот.

Во акцијата за пронаоѓање на убиецот учествувале 200 лица како дел од четири специјални тимови, а биле прегледани околу 300 часа видео материјал.

Да потсетиме, Марко Ивковиќ беше убиен минатиот петок во Истанбул пред почетокот на кошаркарскиот меч помеѓу Галатасарај и Црвена Звезда во Евролигата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1