ФОТО: Ова е осомничениот за убиството во Охрид- познато и што направил со парите


Првиот сосед ја уби пензионерката во Охрид. Полицијата го пронајде осомничениот за убиството на 67 годишната охриѓанка Спаса Бојоска.

Неофицијално станува збор за Јосип Кузмановски од Куманово, кој пред шест месеци се оженил и доселил во зградата, еден спрат погоре од жртвата, пишува Курирsosedot-640x427

Осомничениот е уапсен утрово во  координирана акција на надлежните органи, во Куманово при обид  да излезе од границите на државата.

Засега полицијата не соопштува дали истото  лице е поврзано со кражбата која се случи пред неколку денови во продавницата веднаш до зградата и со други инциденти на улицата  Галичица.

– По секоја пријава на било кој граѓанин кој што ќе пријави телефонски или лично во СВР  Охрид, полициските службеници веднаш излегуваат на местото на настанот и прават увид. Се понатака е работа на останатите полициски службеници на крим техника целокупниот состав на оперативата на СВР Охрид., вели Стефан Димоски портарол на СВР Охрид.

Во  јавноста наголемо се зборува дека убиецот, пред да го напушти Охрид, го фрлил ножот  и одземените пари во вредност од  10 000 евра во контејнери во центарот на градот, кои денес беа облепени со полициска лента.

Соседите Јосип го опишуваат како чуден, оние кои имале контакт со него велат и  агресивен.

Бил невработен, немал деца и често со закани барал пари од комшиите.  Знаел дека Спаса зема германска пензија , па веројатно и барал пари. Откако не сакала да му ја даде заштедата,  ја убил.

Спаса Бојоска беше брутално убиена завчера, со повеќе убоди од нож во главата и вратот во претсобјето во сопствениот стан.После обдукцијата, нејзиниот погреб е денес на градските гробишта во Охрид.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1