ФОТО: Ова е убиениот навивач, татко на мало дете


Навивач на шпански фудбалски клуб Депортиво Ла Коруња го загуби животот по тешките повреди кои ги добил во масовна тепачка која се случи денеска во Мадрид, непосредно пред дуелот со Атлетико (Мадрид), кој стартуваше од 12 часот.
„Џими“ како што се споменува неговото име низ социјалните мрежи во Шпанија, а некои медиуми веќе објавуваат и детали за него е жртвата која допрва ќе го создаде институционалниот хаос во фудбалската шпанска федерација.
dzimithumbmedium500336
Затекнати се сите институции и блокирани се сите медиуми со смртта во Мадрид. Дури се шпекулираше и со информации да се прекинат сите вечерашни натпревари.  43-годишниот Џими беше татко на мало дете (годините на неговиот син не се споменуваат).
Шпанија е згрозена од овој настан, во исто време и затекната бидејќи ова не се препознатливи настани за шпанскиот фудбал. Навивачот се здобил со тешки телесни повреди, а згора на тоа потоа бил фрлен во реката што била во близина, по што му откажале виталните функции. Шпанските медиуми уште утрово информираа дека еден навивач бил донесен „клинички мртов“ во една од болниците во Мадрид, а обидите на лекарите да го спасат неговиот живот за жал не вродиле со плод.
Несреќното момче пред доаѓањето во болницата, каде му се констатирани тешки повреди на главата, доживеал и инфаркт и хипотермија.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1