Хорор- случување го потресе Балканот. Викторија Јовановиќ (34) ги оставила своите две дечиња дома и отишла да пие кафе кај својата мајка.
Српските медиуми објавија фотографии од дечињата кои изгореа до смрт во страотен пожар. Тие се на возраст од 2 и 5 години.
– Дојде да земе дрва за да се згреат дечињата. Откако цепеше дрва, испи кафе. Потоа дотрча сосетката и рече, „Викторија излегува чад од твојата куќа“, вели извор.
Мајката веднаш притрчала дома, почнала да плаче и да моли за помош. Прво го изнеле малото момченце и му дале да се напие вода, но веќе било касно. Потоа тргнале и по ќеричката, но и таа била мртва.
Мајката беше во полиција на сослушување.
Во опожарената куќа таа живеела само со починатите Анастасија и Кристијан, останатите нејзини шест деца живееле во домови.