Дел од луксузниот возен парк на осомничените за лихварство, изнуда злосторничко здружување и перење пари, кои вчера беа уапсени во акцијата „Чекан“, се најде во МВР.
Еден Хамер, неколку БМВ автомобили, Ауди возила се само дел возилата со кои располагале осомничените лица.
Помошник министерот за односи со јавност со МВР, Иво Котевски денес истакна дека се проверува дали лицата располагале и со друг движен имот бидејќи постоела информација дека во нивна сопственост биле и други возила кои можно е во меѓувреме да ги дале на користење на други лица.
На 10 лица од приведените и на четворицата во бегство им е одреден 30 дневен притвор.