Во падот на авионот во кој беа младите фудбалери на бразилскиот тим „Чапокоензе“ загинаа 71 лице, а преживеаја само шестмина.
Ервин Тумири, член на екипажот ( во центарот на фотографијата) изјавил дека преживеал бидејќи ги следел процедурите за безбедност и кога проценил дека авионот ќе падне, се свиткал во позиција на фетус. Преживеа и стјуардесата Химена Суарез, фудбалерот Алан Рушел (27), кој кога го пронашле, прашал каде му се семејството и пријателите, фудбалерот Хелио Нето (31) и голманот Џексон Фолман (24). Десната нога на Фолман е ампутирана – изјави портпаролот на фудбалскиот клуб Гелсон Дала Коста.
Преживеа и новинарот Рафаел Валморбида. Преживеаните, според болнички извори, се во „деликатна но стабилна состојба“.
Дејли Мејл пишува дека и таткото на пилотот, кој исто така бил пилот, загинал во авионска несреќа кога неговиот син имал само една година…