Девет лица се приведени во големата антитерористичка акција која вчера се одвиваше во повеќе градови низ Македонија. Акцијата беше насочена кон припадници на ИСИЛ во земјава како и лица кои учествувале во врбување на македонски државјани во паравоени формации.
Ова се приведените лица: М. Р. (1979) од Скопје, А. А (1988) од Тетово, Д. А. (1984) од Скопје, Д. А. (1984) од Скопје, Ш.М. (1987) од Гостивар, Р.Е. (1979) од Скопје, И. М. (1978) од Скопје, А. З. (1988) од Скопје, Е. С. (1984) од Скопје.