ФОТО: Оваа маса може да ве спаси при земјотрес


Двајца Израелци измислија  маса, која може да го спаси животот на луѓето при силни земјотреси, соопшти весникот „Дејли мејл”. Масата може да издржи удар до еден тон, на тој начин што  штити од урнатините доколку се сокриете под неа.

zemjotres1Се очекува таа да биде  многу корисна за училишта кои се наоѓаат во области, често погаѓани од земјотреси .

Ако масите се наредени една до друга, се формира безбеден тунел, преку кој затрупаните можат лесно да се извлечат. Производство на оваа  маса е поевтино, а самата таа е лесна и удобна за употреба.

Масата  веќе е тестирана од страна на израелските воени сили, а  сега поминува низ тестови во Универзитетот на Падова.

Околу 300 милиони деца во светот учат во згради, за кои не е предвидено да издржат земјотрес со интензитет од 7 степени, како оној  што го потресе Хаити и уби 200 000 луѓе

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1