Полуматурантката Сара Стијеповиќ и нејзината придружба Дамјан Т. од едно основно училиште од Подгорица, станаа херои на Црна Гора.
Фотографијата од полуматурската вечер на девојчето Сара Стијеповиќ и нејзината придружба Дамјан Т. ја воодушеви Црна Гора, но и целиот регион, и предизвика лавина на позитивни коментари.
Сара, полуматурантка од основното училиште „Павле Ровински“ од Подгорица, ја објави фотографијата со својата придружба Дамјан на својот Фејсбук профил и за само една вечер успеа да собери преку 29.000 лајкови и голем број на коментари.