ФОТО: Овие разбојници убија газда на менувачница во Драчево


СВР Скопје до обвинителството со кривична пријава ги предаде лицата И.И. (28) – кој не е достапен на органите на прогон и С.С. (28) – и двајцата од Скопје, поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело “разбојништво“, за што од страна на Судија на претходна постапка на С.С. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.raz500

Кривичното дело пријавените го извршиле на 25 февруари 2013 година околу 19,30 часот на ул.„Славка Димкова“ во Драчево-Скопје во куќа во која се наоѓала менувачница „Золит Трејд“, при што го лишиле од живот сопственикот на истата, при тоа стекнувајќи се и со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари.

-Имено, откако И.И. и С.С. се сретнале во кафе барот „Танкештеле“ лоциран во с. Сарај-Скопје, го изнајмиле „Опел Омега“ (диво такси) и се упатиле кон Драчево, каде по пристигнувањето на влезот од населбата, се симнале од автомобилот и отишле кон менувачницата „Золит Трејд“, по што И.И. маскиран со црна женска чорапа, со огнено оружје пиштол испукал еден куршум во пределот на главата на сопственикот на менувачницата, кој починал на местото на настанот. С.С. ја одзел чантата со пари од починатиот и се упатил кон претходно договореното место со возачот на такси возилото со кое дошол, по што се упатиле кон Сарај, додека пак И.И. избегал од местото на настанот во непознат правец, информираат од МВР.

По пристигнувањето во Сарај, второпријавениот заедно со такси се упатил во чајџилница која се наоѓала во непосредна близина на куќата на И.И., а по извесно време со такси се вратил и И.И., по што одземените пари меѓусебно ги поделиле, од кои пари на такси возачот му дале околу 40.000 денари и 400 евра, (притоа велејќи му дека тоа се пари од човекот од Драчево што им должел), а останатиот дел од парите го поделиле меѓусебно.

По извршувањето на кривичното дело од страна на ЕУМНА при СВР-Скопје извршен е увид на местото на настанот, при што пронајдени и подигнати се е една испукана чаура и капа-фантомка, кои се подигнати и предадени за понатамошна обработка. Од страна на Оддел за крим техника при МВР на РМ извршени се вештачења. Инаку И.И. и С.С. се познати сторители на кривични дела и против истите и претходно се поднесени кривични пријави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1