Еден Индиец тврди дека е најстариот човек на светот, со како што вели тој, полни 179 години!
Како што тврди Махашта Мураси, тој е роден на 8 јануари 1835 година. Сепак, тој не е дел од Гинисовата книга на рекорди, бидејќи не може официјално да докаже колку точно е стар.
-Изгледа ангелот на смртта заборави на мене, вели овој човек.
А она што е навистина жално, е фактот што Махаштра живее толку долго што ја доживеал смртта на саканите, сопругата, сите свои деца и внуци.