(ФОТО) Падна плафон во ГТЦ – за среќа никој не минувал под него во моментот кога се урнал


„ Одеднаш се слушна тресок и падна голем дел од плафонот во скопски ГТЦ и тоа во просторот каде обично минуваат граѓани“, велат очевидци кој се затекнале во ГТЦ во тој момент.

За среќа во моментот на падот немало никој во тој дел, во спротивно би биле повредени. Паднатиот дел е пред поранешната  слаткарница Египет од страната на Паркот „Жена Борец“.

https://www.facebook.com/share/p/si8jdz2Xr5XoVi1V/

Според информациите паднал дел од системот за климатизација на Градскиот трговски центар.

Корисници на социјалните мрежи објавија фотографии од паднатиот плафон. На Групата „Стари скопјани“ објавија:

– Нашиот чудесен ГТЦ, цела среќа што кога падна кога немаше никој под него. Еве половина час чекаме некој да дојде“

Долго време се зборува во јавноста за лошите услови во овој некогаш најпосетен трговски центар, а во коментарите под фотографиите корисници велат дека нема останато мајстор во ГТЦ, односно еден е и електричар, и молер и водоводџија и двајца се обезбедување.

– Безброј пати на продажните објекти се вршеа преправки и обнови според желбите на оној кој го купуваше просторот или го земаше под кирија. Дали тогаш се проверуваше што смеат да преправаат, а што не смеат? Повеќе од 50 години приватници без контрола и одобренија и надзор преправаа, па јасно е зошто ГТЦ не издржа и почнаа да паѓаат некои делови. Разбудете се надлежни и барајте ја одговорноста што беше потребна сите овие 50 години. Не чекајте да се случи да паднат делови или да откажат поради нестручни изградби и пречекорувања на сопственици и кираџии на продажни објекти или други простории во рамки на ГТЦ – се вели во еден од коментарите.

Инаку сопствениците и корисниците на дуќаните плаќаат и месечен надомест, последната информација беше дека цената за одржување од 4,5 евра од квадратен метар без ДДВ.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1