ФОТО: По 50 години нова полициска станица во Ѓорче Петров, еве како ќе изгледа


Од МВР информираат дека согласно предвидената динамика се планира во рок од 14 месеци колку што е предвидено за траењето на градежните работи, да биде изграден комплетно подготвен нов објект со површина од 1400 метри квадратни, којшто опфаќаат сутерен, приземје и два ката, а вредноста на инвестицијата ќе изнесува околу 52 милиони денари.

policiska-500

Според проектното решение објектот ќе биде изграден по теркот на современите архитектонски трендови и функционалност согласно намената на објектот, а истовремено ќе бидат целосно запазени и потребните безбедносни стандарди. Наедно, предвидено е да има и непречен пристап за лица со инвалидитет, како и физичко обезбедување на објектот, односно ограда околу целата локација.

Исто така, покрај стандардните потреби, предвидено е во новиот проект да има современо опремени простории за задржување на лица, простории за разговори, просторија за Народниот правобранител, дежурна служба, како и базна станица за изработка на лични документи на граѓаните и друго.

Инаку досегашниот објект во којшто се наоѓа ПС од ОН Ѓорче Петров датира од 1963 година. Во текот на минатата година евидентирано е намалување на вкупниот број кривични дела на подрачјето на оваа ПС од општа надлежност за 8,8 проценти во споредба со 2013 година, односно регистрирани 1.180 кривични дела, во споредба со 1.295 во 2013 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1