Фото: Побегнал од гроб 17 часа откако девојката жив го закопала


Жоси Роберто Периера (37) бил жив закопан од неговата девојка, се разбудил и успеал да се ослободи и отишол во полициска станица да го пријави злосторството. За негова несреќа полицијата при контрола пронашла 14 години стар налог за негово апсење и тој е веднаш е уапсен поради сомнеж за обид за убиство, а се бара сега и неговата девојка.

grob-630x423Роберто и Грасили Томас имале бурна расправија во нивниот заеднички дом во Бразил, вели полицијата. тааго нападнала своето момче со мотка додека спиел и го закопала во дворот на нивната куќа, мислејќи дека е мртов. После 17 часа, мажот успеал да се ослободи и да побегне барајќи помош.

Бил во гроб длабок еден метар. Бил шокиран кога се освестил и дознал дека е закопан, но лицето не му било прекриено со земја, па можел да дише.

Откако се ослободил се упатил кон полицијата ги одвел полицајците до местото каде бил закопан и го опишал инцидентот.Сега е во притвор каде го чека судењето, а неговата девојка е во бегство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1