Руските вооружени сили се способни да ги решат најкомплексните задачи, што е докажано со воените вежби одржани оваа година.
Ова денеска го изјавил рускиот претседател Владимир Путин, за време на состанокот на Комитетот и руското Министерство за одбрана.
Тој истакнал дека руската воена доктрина “останала исклучиво одбранбена” и покрај, како што навел, засилената активност на НАТО на истокот на Украина и во близина на границата со Русија.
-Руските вооружени сили се способни да ги решат најкомплексните задачи, што е докажано со воените вежби одржани оваа година, потеницрал тој.
Руската војска добива нов имиџ, станува помодерна, како и тоа дека е подготвена да ги исполни најкомплексните и најодговорни задачи.
-Таа способност и подготвеност руската војска ја докажа на вкупно 3.500 воени вежби, од кои некои беа планирани, а некои изненадни, а одржани во текот на оваа година, истакнал Путин.