Фото: Поплава во подрумите на неколку државни објекти во Скопје


Пради обилните врнеж од дожд во текот на денешниот ден, поплавени се неколку објекти во Скопје

В.д. директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов – Дац на својот Фејсбук профил објавува фотографии направени од театарот, а на кои се гледа Вардар кој се излеа на неколку места.

– Си тече во фоајето, каде покривот не бил добро направен. Исто така, и на едно место на сцената, а и во машинскиот дел. Ставаме кофи и се молиме дождот да престане – вели Спасов.

Во театарот покривот протекува на неколку места, а низ објектот водата се собира во кофи. Од раководството на Македонскиот народен театар бараат пумпи за вода.

Поплавен е и подрумот на Археолошкиот музеј, а во новиот објект на Македонскиот народен театар тече и во подрумот, а прокиснува и од кровната конструкција. 

Од УХМР беше објавено дека обилните врнежи предизвикале и излевање на реката Вардар на неколку места во центарот на градот.

Можно е излевање на повеќе реки и ширум Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1