Дури и ако имате многу пари, тоа не значи дека сеедно и среќата ќе ве следи. На пример, може да порачате и Mercedes SLS AMG вреден 200.000 евра, но бродот кој ќе го транспортира ќе потоне на патот од Германија до Аргентина.
Замислите кога по некоја случајност би “заштедиле” 200.000 евра и конечно се одлучувате да си го порачате омилениот суперспортски автомобил – Mercedes SLS AMG! Нажалост, сосема случајно, пратката поради одредени причини, никогаш не била испорачана. Се прашувате зошто? Затоа што бродот на кој се наоѓал контејнерот со споменатиот автомобил потонал на патот до вас!
Да, верувале или не, токму тоа му се случило на еден аргентински “бизнисмен” од Буенос Аирес, кон средината на минатата година, на кого нарачаниот SLS AMG не му бил испорачан, или барем не во фабричка беспрекорна состојба, затоа што се наоѓал цели пет дена под вода откако потонал бродот кој го транспортирал.
Интересно е дека дури и така, автомобилот успеал да да стартува (барем така тврдат), но затоа електрониката потполно настрадала.
Автомобилот бил вратен во Германија, во Штутгард, каде стручњаците ќе се обидат да го вратат во првобитнта состојба и за после сите перипетии конечно да му биде испорачан, на неговиот, сигурно веќе нетрпелив, сопственик.