Фото: Последниот бел носорог во светот го чуваат со полиција


Последниот западноафрикански црн носорог во светот загина пред четири години поради ловот кој во последните децении ескалирал поради големата побарувачка на роговите од овие животни.whiterino

Слична судбина би можела да им се случи на северните бели носорози. Последниот мажјак од овој вид, Судан, живее во Кенија, во конзерваториумот „Ol Pejеta Conservancy“ и од ловокрадци 24 часа на ден го чуваат вооружени телохранители.

Две од последните четири женки од овој вид живеат во конзерваториумот додека преостанатите две женки живеат во зоолошките градини во Чешка и Сан Диего.

Рогот на носорогот, на некои пазари, како на пример во Виетнам, може да достигне цена до 700.000 долари за килограм.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1