Во западна Австралија беснеат пожари, а бројот на куќи што се проголтани од огнената стихија се накачи на 121, додека три лица се водат за исчезнати.
Пожар го зафати Јарлоп, 110 километри јужно од Перт, а стотици пожарникари и натаму се борат да ги изгаснат огнот.
-Ситуацијата е многу предизвикувачка за нас, изјави претставникот на пожарникарската и итна служба Вејн Грегсон.
Според премиерот на Западна Австралија, Колин Барнет, ситуацијата е означена како природна катастрофа, што на граѓаните им овозможува да добијат повеќе финансиски средства.