Синоќа околу 23:30 часот избувнал пожар во семејна куќа во Прилеп поточно на улица „Мирче Ацев“ во близина на прилепскиот стадион при што изгоре целиот покрив и спратот. Тричленото семејство Андоноски во тој момент спиеле, па набргу успеале да излезат од куќата, кој за среќа повредени лица нема.
Со три против пожарни возила се гаснеше пожарот кој направи голема штета, а за среќа пламените јазли не зафатија од соседните куќи.
Според информациите на Шеталиште пожарот настанал од неисправна инсталација, а од куќата не остана буквално ништо, тие немаат ниту покрив над главата ниту пак облека.
Се апелира до сите граѓани кои што можат да помогнат на било каков начин за овие луѓе да можат да ја поминат зимата.
Сметка: 210 501602889838 – Тутунска банка – Трајче Андоноски
Ве молиме да споделите за да им се помогне што побрзо, тие немаат каде да живеат!
Шеталиште.мк