ФОТО: Пожар во зграда во Чаир – гореа 4 стана, еден повреден – спасувани биле деца


Пожар пламнал во зграда на улицата Цветан Димов во скопската населба Чаир. Засега се знае дека горат најмалку четири стана во зградата со број 26, јавува Курир.

Според очевидците, се запалиле петиот, шестиот и седмиот кат од за сега непознати причини.gori_thumb_medium500_375
Повредено е едно лице, кое претрпело полесни повреди, а станарите успеале да ги спасат оние кои не се евакуирале на време. Спасени се неколку деца помеѓу кои и едно бебе.

Пожарот го гаснеле неколку возила на пожарникарските служби.Изгаснат е пожарот кој претпладнево изби во зграда во Чаир спроти стадионот на Слога, јавува репортерот на НОВА кој во моментов се наоѓа на местото.

 

Фото Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1