ФОТО: Прилеп ќе добие „Стаклена Пирамида“


Стаклена пирамида  со футуристички дизајн е најновиот објект што наскоро  ќе го украси прилепскиот плоштад Александрија.

ppОвој современ проект замислено е да има мултинаменска примена па така во него ќе биде сместена современа кино сала со 3D проекција, ќе има симулирање на планетариум, а ќе биде  користен и за литературни средби, најразлични поетско-драмски читања, потоа како место за културно – книжевни промоции, а и како  центар за регистрација на идните  брачните парови.

P9Дизајнот на овој објект замислен е како челична конструкција  во комбинација со стакло, а неговиот дизајн ги воодушеви сите љубители на модерната архитектура.

Надворешните пирамидални ѕидови ќе бидат со димензии 10 x 10 м, а висината  12 м.

Внатрешноста на ова мултимедијално плато ќе изнесува 200м2, а ќе се пристапува со  скали и пристапна  рампа од страната на тротоарот на Булеварот.

Неговата изградба е предвидена за второто полугодие на оваа година.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1