ФОТО Пронајдена гробницата на Исус


Геолог од Ерусалим тврди дека пронашол „практично недвосмислени докази“ кои ја решаваат  долгогодишните контроверзии околу местото на кое се наоѓала гробницата на Исус Христос.

Докторот Ари Шимрон изјавил дека врз основа на најновите тестови изведува заклучок дека местото на кое е погребан Исус од Назарет, неговата жена Марија Магдалена и неговиот син Јуда т.е. Талпиот, е всушност гробницата која е откриена во источен Ерусалим во 1980 година.Grobnica Isus

Ова место е предмет на конторверзии во јавноста откако во 2007 година Џејмс Камерон го сними документарецот „The lost tomb of Jesus“ (Изгубениот гроб на Исус) во кој е наведено дека токму во таа гробница се наоѓале ковчезите- костурници со натписи „Исус син Јосифов“, „Марија“ и другите имиња од Новиот Завет.

Тие натписи, како и приближните датуми на погребувањето предизвикале големи контроверзии, бидејќи во тој случај би значело дека воскресението всушност никогаш не се случило. Меѓутоа контроверзиите од документарецот веднаш биле побиени со тврдењето  дека имињата кои се наоѓале на натписите на ковчезите биле вообичаени за тоа време.

Сопственикот на тие ковчези, израелски колекционер, тврди дека ги купил во текот на 1970-тите години од трговци со антиквитети. Иако израелската влада ги прогласила за фалсификати, во 2012 година судот во Ерусалим пресудил дека државата не ја докажала адекватно својата теза.

Шимрон изјавил дека резултатите на геохемиските тестови на коските од десетте порнајдени ковчези, сугерираат дека тие се наоѓале токму во гробот на Талпиот.

– Овие докази се многу повеќе од она што го очекував. Мислам дека имам практично недвосмислени докази дека остатоците на Исус се наоѓале во гробницата на Талбиот – изјавил Шимрон

Според тие тестови, помеѓу останатото е утврдено дека ковчезите со коските биле прекирени со идентичен вид на глина која се наоѓа во гробницата на Талпиот.

Овие тврдења сигурно ќе предизвикаат големи дебати и факт е дека ќе помине уште време додека не бидат прифатени во научните кругови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1