ФОТО: Пророчицата Клеопатра била маж со име Душан – го сменила полот


Конторверзната балканска јасновитка Клеопатра пред 28 години во сараевски весник дала интервју во кое признала дека кон средината на 1980-те со операција си го сменила полот, пренесува „Ало.рс“.

kleopatra500Јасновитката тогаш интервјуто го дала на новинарот Небојша Тошиќ од сараевскиот весник „Ас“,под името Душко Илиќ.

Таа ја раскажала својата несекојдневна приказна како ја поминала таа комплицирана операција и како го напуштила идентитетот на мажот под името Душан.

– тајно сакав да извршам операција, конечно да станам она што сум сега. Но мојата желба не беше доволна. Пишувањето за мене во весниците „Ас“, „Автосвет“, „Старт“, па моето појавување на телевизија, сето тоа ми донесе и поголема популарност. Колегите пејачи почнаа да ми се јавуваат.

Ми нудеа помош, ми предлагаа да одржат концерти на кои би пееле за мене. Парите собрани на тој начин беа наменети за операцијата – раскажала Клеопатра.

kleopatra2Нејзините колеги пејачи дале пари за нејзината операција. Најмногу ѝ помогнале, Шабан Шаулиќ, Хасан Дудиќ, Мише Мијатовиќ, Кемиш и други.

Се сеќавам на силните светла над мене и мирољубивиот глас на докторот од операционата сала. Тонев во празнина. По операцијата која траеше четири часа се разбудив во свој апартман. Првично не знаев каде сум и што се случува со мене. Со рацете си го допрев стомакот, а под прстите почувствував завои. Повторно ли ми го оперираа слепото црево, со насмевка раскажува кралицата меѓу пророците.

Докторот и ја подал раката ја помилувал по косата и и рекол „Сега сте жена“.

kleopatra1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1