ФОТО: Првата жртва на нападите е мајка на близначиња – овие лица се водат за исчезнати


Двајца студенти од Америка и маж од Велика Британија се водат како исчезнати во хоророт кој се случи во Брисел, кога вчера одекнаа три силни експлозии.slika-1

Братот и сестрата Саша и Александер Пинчовски се наоѓале на аеродромот во Брисел каде одекнаа првата и втората експлозија. Тие повеќе ниту се видени, ниту се слушнати по страшните терористички напади. Според германските медиуми, тие зборувале на телефон кога се случил хоророт. Во моментот на експлозијата врската се прекинала и од тогаш им се губи секаква трага.

Дејвид Диксон од Велика Британија, е последен пат виден на метро станицата каде по експлозиите на аеродромот, одекна третата експлозија. Тој тргнал на работа вчера утрото и од тогаш му се губи трага.slika-2

Рано утринава, првата жртва на нападите која е идентификувана е жена од Перу, инаку мајка на три годишни близначиња. Аделма Тапиа Руиз е првата жртва идентификувана на нападите на аеродромот синоќа.slika-3

Сабрина Фазал од Белгија исто така не е видена по страшните напади, а во тој период била на метро станицата.

Оливие Делапес е еден од исчезнатите за време на хаосто во Брисел.slika-4

Во нападите загинаа 31 лице, а повеќе од 200 се повредени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1