ФОТО: Првите скопски кафеани


Во 1924 година најомилена забава на скопјани била посетата на скопските кафеани.Во тоа време  бројот на јавните локали, кафеани, подруми и бифеа изнесувал 300.

По завршувањето на Првата светска војна, во градот биле отворени многу нови кафеани, кои се рекламирале во скопските весници, пишува Скопје инфо. 

Кафеаната “Маргер”  се наоѓала на плоштадот и била најпосетена кафеана во градот. Во попладневните часови  кога   затворале дуќаните, многу скопски семејства доаѓале во кафеаната на вечери.

Кафеаната “Маргер” на градскиот плоштад

Кафеаната “Балкан”

Внатрешноста на кафеаната “Идадија” во 1932 година

Офицерскиот дом претставувал некој вид на градска куќа, со огромна и светла сала во која биле организирани најубавите и најпосетените приредби, маскембали, забави, балови. Гости во Офицерскиот дом биле луѓе кои во градот претставувале елита, кои биле претставници на граѓанската класа , луѓе кои биле носители на новото и напредното  во градот. Пивницата во Офицерскиот дом била богата со пијалаци, а кујната била разновидна. Посетителите можеле да играат шах, билијард. Имало и читална со домашни и странски весници и списанија. Во Офицерскиот дом свирела воена музика, но имало и првокласна џез музика и модерни танци.

Ганка и Стефан Цветанови на бал во Офицерски дом

Брачниот пар Поповиќ со пријатели на бал во Офицерски дом

Вукосава и Никола Божиновски на костимиран бал во Офицерски дом

Внатрешноста на Офицерскиот дом

Во Скопје во 1926 год. имало 23 блудилишта (јавни куќи) од кои две третини се наоѓале во центарот на градот. Такви кафеани биле “Босфор”, “Централ”, “Босна”, “Српска круна”, “Космај”, “Загреб”, “Америка”, “Мостар”, “Бачка”, “Железничка казина”, Империјал”, “Деви Хан”, “Маврово”, “Бела кафана”, “Јанче Хан”, “Брзи воз”  и други.

Преземено од – Скопје инфо 
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1