Социјалните мрежи деновиве беа преплавени со фотографии од баба како лежи на улицата кај Градската болница во центарот на Скопје. Никој не знаеше што се случило со бабата, но одговорот се појави денес.
Имено, порталот Вистина.мк денес објави фотографии на кои се гледа истата баба, но овојпат исправена и очигледно во добра здравствена состојба, како продолжува да се движи кон пешачкиот премин на истата оваа улица.
Она што овојпат е во фокусот е жолтиот знак „Може и поинаку“, па јасно е дека некој на невообичаен начин сакал да го сврти вниманието на јавноста.
Останува прашањето, кој можеше поинаку?