Никол Малој на возраст од 11 години добила ужасни вести – боледувала од тумор на мозокот, поради кој морала да претрпи низа макотрпни третмани…
За среќа, денес таа е здрава 22-годишна девојка, која има огромна причина да слави и да ужива во животот. Пред 10 години докторите и рекле дека за жал, никогаш нема да може да стане мајка поради штетата која третманите ја оставиле врз неа.
Пред нешто повеќе од една година, таа почувствувала некое чудно чувство во стомакот, поради што отишла итно на лекар. Докторите ја снимиле на ехо и откриле нешто необично – таа веќе била во 19 недела од бременоста.
Ниту таа, ниту, пак, докторите не можеле да поверуваат што гледаат. Бебето било сосема здраво и добро оформено, па Никол ја издржала бременоста до крај.
Малиот Дени се родил во декември и е сосема здраво и право бебенце. Вистински доказ дека никогаш не треба да се губи надеж!
Курир