Нашиот највисок кошаркар Предраг Самарџиски успеа да „освои“ еден од обрачите од кошевите во салата во словенечкиот град, пренесува Екипа.мк.Ова е втор пат за време на подготвителниот период, како Самарџиски успева да најде решение за кошевите. Претходно ја скрши и таблата непосредно пред стартот на пријателскиот натпревар со Шпанија изминатиов месец.