Во населбата Аеродром се поставуваат деловите од големиот православен крст. Крстот ќе биде висок 51 метар, широк 4метри, а краците ќе му се простираат на 34 метри.
Крстот се гради на крстосницата на улиците „Трета македонска бригада“ и булевар „Србија“, зад средното училиште „Марија Кири Склодовска“, каде се поврзуваат три општини – Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба.
Околу крстот ќе бидат изградени патеки, парк, ќе се постават клупи и местото ќе биде хортикултурно уредено.
Foto Kurir