Внимавајте – Пајакот кревал возила паркирани пред зграда зошто не биле регистрирани


Нa неколкумина жители на населбата Ново Лисиче, пајак службата на Град Скопје им ги кренала возилата од пред паркингот пред нивните згради. Еден од тие по неколкучасовно талкање по институции, дознал дека возилото му било земено од Пајак службата поради тоа што не било регистрирано. Вели дека било коректно паркирано пред зградата каде живее и не било хаварисано, а не го возел бидејќи не било регистрирано, пренесува А1Он.

Screenshot_43-633x320Жителот на Ново Лисиче прашува со кој закон граѓаните се обврзуваат да ги регистрираат возилата за да можат да ги паркираат на паркинг пред нивните згради. Дополнителен проблем е што комуналните редари кои дале зелено светло за да се кренат автомобилите, не ги предупредиле прво граѓаните туку веднаш е повикана пајак службата, а дел од граѓаните кои останале без своите возила за настанот биле информирани од нивните соседи.

„Вчера на пладне ми се јавија соседите да ми кажат дека пајак службата го носи моето возило кое беше паркирано на паркинг кој што не е во зоната на плаќање и беше исправно паркирано. Бев зачуден зошто го прават тоа. Веднаш се јавив ми рекоа дека имаат налог од општина Аеродром да креваат возила кои што не се регистрирани подолго од шест месеци, и прв пат слушам за таков закон. Моето возило не беше регистрирано си стоеше на паркинг, за потоа да ми кажат дека предолго стоело на паркинг. Моето возило не е хаварисано, не е регистрирано и не го возам. Подоцна дознав дека не го кренале само мојот автомобил, туку и десетица други“.

10168434_10200719939079904_2106425517_nКога завршила акцијата се јавил и во полиција и му одговориле дека прв пат слушаат за ваква акција.

„Автомобилот сега е на депото на Пајак службата, и таму ќе остане поради тоа што треба да платам 2500 денари за да го земам, а кога ќе го земам немам пари да го регистрирам, и која е гаранцијата дека нема да им текне да го кренат пак“, вели жителот на Ново Лисиче.

Од општина Аеродром реагираа со кратко соопштение, во кое велат дека возилото е хаварисано и го нагрдува просторот, а паркингот бил наменет само за регистрирани возила.

„Станува збор за хаварисано возило кое не било поместено од паркингот повеќе од 1 година. Конкретното возило за кое зборувате беше опоменато и му беше даден рок сам да го отстрани, но и покрај тоа сопственикот не реагираше и дозволи неговото хаварисано возило да зазема паркинг место на јавна површина која што е наменета за регистрирани возила, а што е уште поважно претставува закана за безбедноста и нагрдување на околината“, велат од општина Аеродром.

Видео и целата сторија на – А1Он

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1