Сестрата на славната богаташка Парис Хилтон, Ники го изговори судбинското „да“ по вторпат. Првиот брак траеше само три месеци, а овој, сите се надеваат, сепак ќе потрае подолго. Џејмс Ротшилд е член на најбогатото банкарско семејство во Европа и упатените тврдат дека е уште поарогантен од својата сопруга и нејзината сестра Парис, која и беше главна деверуша на венчавката.
Ники на гламурозната веначка носеше венчаница вредна вртоглави 77.000 долари од атељето на Валентино обувки од Кристијан Лобутин на кои пишуваше Госпоѓа Ротшилд. Венчаницата е традиционална, богато украсена со тантела, истовремено е класична, елегантна и изразено префинета, со висока јака и волуменизирано здолниште и долг вел.
Многумина забележаа дека е многу слична на венчаниците што ги носеле Грејс Кели и Кејт Мидлтон. Што се однесува до храната, sе јаделе јастози, палачинки со патка, кавијар, дури 13 видови пудинг и други егзотични јадења биле послужени, а за скапите пијалаците може само да претпоставиме. По раскошниот ручек, гостите ја напуштиле палатата и отишле да танцуваат. Инаку, в недела ги чека уште еден раскошен ручек.
Двојката се венча во Кесингтонската палата во Лондон на раскошна церемонија, на која присуствувале принц Павлос и принцезата Марија Шантал, Челзи Клинтон и други гости од високото општество,
Воопшто не е чудно присуството на кралско семејство, затоа што Кенсингтон палатата во Велика Британија била долгогодишна резиденција на кралските семејства.
Ники веќе ја обвинија дека го ископирала стајлингот на Кејт Мидлтон, но тоа нејзе не ја допира – таа се омажи за наследник на банкарска империја.
Во секој случај, реакциите на светските медиуми не беа воопшто благонаклонети, па парот го обвинија дека нема имагинација и дека се расипници.