Фото: Се омажи девојката со која Јариќ ја изневери Лима


Девојката со која кошаркарот Марко Јариќ ја изневери сопругата Андриана Лима, летово после пет месеци врска се сврши со фудбалерот на Лацио и репрезентативецот на Србија, Филип Џорџевиќ.1mar.jpg500

Деновиве тие стапија во брак, а фудбалерот бидејќи е среде припреми мораше да излезе од карантин. За жал, никој од неговите соиграчи не беше во можност да присуствува на венчавката.

 

Јована не носеше венчаница, туку крем фустан и црни чизми. Во интимна атмосфера во присуство на кумот и најблиските тие ја овековечија љубовта и наздравија на свечениот ручек. Невестата веќе го промени своето презиме на Фејсбук.2mar1.jpg500

Јована инаку стана позната кога се појави во спотот на Саша Ковачевиќ „Како после нас“. Подоцна предизвика скандал кога се обиде да се самоубие и поради кавга со тогашното момче скокна од мост во Дунав во Нови Сад. Две години подоцна таа доживеа несреќа на снимање кога случајно падна во врела вода. Тогаш и изгоре речиси 50 проценти од кожата и и беше уништена косата. За среќа, закрепна и се врати на работата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1