Виолинистката Ванеса Меј со измама обезбедила настап на Игрите во Сочи


Меѓународната скијачка федерација (FIS), во вторникот и изрече четиригодишна суспензија на виолинистката Ванеса Меј, бидејќи учествувала во местењето на резултатите, кои и овозможија да избори норма за настап на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои во февруари се одржаа во Сочи.

78911324_vanessa-mae

Истрагата на FIS открила дека четиритие трки во велеслалом кои биле одржани во Словенија биле наместени, наведувајќи бројни примери на кршење на правилата, со што на Ванеса Меј и било овозможено да избори норма за настап на ЗОИ.

„Доколку не мамеше Ванеса Меј, немаше да успее во намерите да се натпреварува на ЗОИ“, се наведува во соопштението.

Познатата виолиностка на ОЗИ во Сочи се натпреваруваше под знамето на Тајланд и под презимето на својот татко Ванакорн. Таа на двете велеслаломски трки во кои учествуваа 67 натпреварувачки заврши на последното место.

Исто така, FIS им изрече суспензии од една до две години на пет службени лица од Словенија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1