Една жена од Велика Британија ја шокираше јавноста откако откри дека се заљубила и се омажила со човек речиси идентичен на нејзиниот покоен свршеник.
Наз Фарук и свршеникот Марк Ешдон планирале да се венчаат, а Наз била бремена.
За жал се случила ужасна несреќа во која Марк го загубил животот и Наз и нероденото бебе останале сами на светот.
По само неколку месеци таа се запознала со Мајкл Милер, кој неверојатно потсетува на Марк.
Денес тие се во брак и живеат со ќеркичката Шиа, за која Наз вели дека Мајкл ја сака како своја ќерка.
Наз вели дека доколку не го запознала Мајкл никогаш не би успеала да си го врати животот во нормала.