По ова никогаш повторно нема да се напиете газиран пијалок


Формираат масти во организмот

Се работи за опасни маснотии кои е речиси невозможно да се воочат со голо око. Многу е веројатно дека вие нема ниту да забележите дека веќе се соочувате со здравствени проблеми, бидејќи на почетокот нема да забележите промени на своето тело.

Данските научници спроведоа истражување во кое од учесниците побараа да пијат или засладени, газирани сокови или пак шест месеци да пијат исклучиво вода.
300px-Coca-Cola_Glas_mit_Eis
На крајот се испоставило дека кај личностите кои редовно внесуваат газирани пијалоци доаѓа до драстично зголемување на штетните скриени масти во црниот дроб.

Диетата нема да ви помогне

Ова е и многу логична претпоставка. Ако газираните пијалоци кои изобилуваат со шеќери ги замените со оние без шеќер, ќе го подобрите вашето општо здравје. Од друга страна пак, диеталните и газирани сокови би можеле да бидат особено опасни по вас.

Истражувања покажаа дека возрасните луѓе кои пијат диетални газирани сокови имаат и до 70 отсто поголем обем на половината од оние кои не пијат ништо што е газирано.

Предвремено стареење

Трошите илјадници и илјадници денари на креми против брчки, можеби и личен тренер, разни витамини, а сепак се’ уште пиете газирано. Ова мало задоволство вам може да ви донесе безброј здравствени проблеми но може и да ги уништи вашите заби.

Газираниот пијалок содржи фосфорна киселина која е толку силна што ги убива дури и бактериите, но секако, секој пат кога ќе отворите ново шише со газиран сок и ќе го чуете неговиот примамлив звук, просто се чини дека не можете да му одолеете.

Истражување спроведено во 2010-тата година покажало дека глувците кои биле во просторија во која имало зголемено количество на фосфати живееле пет недели помалку од глувците кои живееле во просторија со помало количество од истите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1