ФОТО: Се разубаве пред свадбата – Невестата на Клуни блесна во Венеција


Британската адвокатка Амал Аламудин во пресрет на венчавката во се појави во волшебен црвен фустан со црни детали и интензивна шминка со нагласен црвен кармин

Прекрасната Венеција вчеравечер беше местото каде што се собра холивудскиот џет – сет во чест на пробната венчавка на шармерот Џорџ Клуни и неговата идна сопруга Амал Аламудин.B5266F3505807641A93660AA714D67F1

Британската адвокатка блесна во волшебен црвен фустан со црни детали и интензивна шминка со нагласен црвен кармин, додека 53 – годишниот Клуни изгледаше неверојатно елегантно во црн костим комбиниран со бела кошула.

По завршувањето на одделните забави, Џорџ и Амал се сретнаа во прекрасниот Belmond Cipriani хотел каде ги чекаа такси – бродчињата.

Амал на забавата пристигна со нејзината мајка Бариа, сестрата Тала и бројни женски членови на нејзиното семејство, како и многу од нејзините пријателки кои изгледаа беспрекорно.333EBEDF6944F549BB75B54379645719
На едно од бродчињата, холивудскиот шармер ја пречека својата идна сопруга со многу од неговите пријатели меѓу кои и актерот Мет Дејмон, сопругот на Синди Крафорд, Ренд Гербер и група негови пријатели кои уживаа со чаша пијалок додека го чекаа женското засилување.

На забавата на младенците присуствуваше и нивната пријателка Ана Винтур, која овојпат се одлучи за темно син фустан со бело – розов принт комбиниран со црвено палто со темно зелено крзно.0A954FE08728CC43BD45B9A44A8CE016641FC097E1C9AC4DBE0E6A527E47A992

Според досегашните информации, Џорџ и неговата свршеница Амал, ќе го кажат суддоносното „Да“ овој понеделник во палатата Ca’Farsetti која датира од 16-тиот век. 4AA750739E15D440A524148AACB98AE5

F67D9011F048EE4BB290CE1D06AA4691

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1